„Две дози на вакцината на АстраЗенека ефикасни од 85 до 90 отсто“

од Stefanija Kuzmanovska
282 прегледи

Две дози на вакцината на Оксфорд/„АстраЗенека“ против коронавирус се ефективни од 85 до 90 отсто во спречување на симптоматско заболување, соопшти денеска Англискиот институт за јавно здравје (ПХЕ).

PHE го објави тоа, повикувајќи се на анализа на податоците добиени од процесот на вакцинација со таа вакцина, пренесува „Ројтерс“.

Британскиот институт исто така објави дека програмата за вакцинација спречила смрт на 13.000 лица над 60 години до 9 мај и спречила хоспитализација на 39.100 лица постари од 65 години.

Слични содржини