Во Македонија во последните три дена (од 14.10 до 16.10.2022) се потврдени 80 нови случаи на коронавирус, а две лица починале како последица на заразата. Двете лица се починати во болнички услови.
Од последниот пресек тестирани 953 примероци, објави Министерството за здравство.
Регистриран e 118 оздравен пациент од: Скопје – 87, Битола – 5, Куманово, Велес и Охрид – по 4, Прилеп – 3, Тетово и Кавадарци – по 2, Штип, Гевгелија, Неготино, Ресен, Берово, Кратово и Крушево – по 1.
Согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза КОВИД-19 од Мој Термин, не се пријавени починати лица.
Досега во земјата се направени вкупно 2.177.159 тестирање на КОВИД-19. Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 343.665, бројот на оздравени пациенти е 333.824, на починати е 9.553, а бројот на активни случаи изнесува 288.