Две лица го загубија животот во поплавите во Романија: Опасноста сè уште не е помината (ВИДЕО)

од Stefanija Kuzmanovska

Романскиот министер за внатрешни работи Лучијан Боде денес потврди дека две лица од северниот округ Сату Маре и североисточниот округ Јаси настрадале од последиците од екстремните временски услови и поплавите.

Тој предупреди дека опасноста сè уште не е помината и ги повика префектите да организираат „брз и ефикасен одговор и примерна мобилизација“ со цел веднаш да бидат подготвени за да им помогнат на загрозените заедници, пренесува „Аџерпрес“.

– Во последниве денови, сведоци сме на интензивирање и ширење на екстремни временски прилики предизвикани од обилни дождови што зафатија повеќе од половина од земјата, поточно околу 30 окрузи, во кои беше прогласен жолт, портокалов или црвен временски аларм. Барам од вас да бидете целосно ангажирани и да ја следите состојбата, да реагирате на координиран начин во вонредни околности – рече Боде и потсети дека опасноста сè уште не е помината.

Слични содржини