Две лица се обиделе да шверцуваат марихуана преку Охридското Езеро

од Nikola Popovski

Албанската полиција уапси две лица поради обид за шверц на марихуана од Албанија во Македонија преку Охридско Езеро.

Поради сомнение дека оваа „дејност“ ја извршувале повеќепати, уапсен е Адриан Папајани (35) од селото Худениш, а се трага по неговиот брат Фатјон Папајани (29).

-Истражните дејствија покажаа дека двајцата браќа, во соработка, вршеле илегална активност на трговија со дрога од Албанија, кон Македонија, преку водите на Охридско Езеро. Благодарение на добро организираната акција, спречен е шверц на помала количина марихуана. Како материјален доказ запленти се чамец, два мотора „јамаха“, две електронски ваги, соопшти тамошната полиција, додавајќи дека во соработка со македонската полиција се работи на откривање и изведување пред лицето на правдата на останатите лица вклучени во оваа нелегална активност.

Слични содржини