Скопската зоолошка градина соопшти дека две мечки отпатувале во нов живот во резерватот во Швајцаријав „Arosa Bearland sanctuary“. Од таму информираат дека живеалиштето за мечки во зоолошката е едно од постарите, а мечињата кои живеат тука уште од мали се донесени овде бидејќи останале без мајки поради човечки фактор и недозволен лов“.
-Во недостиг на резерват за мечки во државата, секогаш тимот на ЗОО Скопје пробувале да помогнат на што повеќе мечки, но градината нема доволно простор за сите. Во живеалиштето за мечките, до средата живееа четири мечки во три посебни делови. Бим и Бум во заеднички дел, а братот и сестрата кои имаат по 18 години во две посебни живеалишта. Не беше возможно да се направи реконструкција на живеалиштата, ниту пак редовно да се средуваат поради тоа што немаше начин ниту простор да се спојат сите четири мечиња, ја објаснуваат причината од Скопје ЗОО.
Информираат дека во разговор со FOUR PAWS, дошле до заедничко решение кое е хумано за сите четири мечки-братот и сестрата да заминат во преубавиот Ароса парк, а Бим и Бум да добијат три пати поголем простор и реновирано живеалиште по светски стандарди.