Две минути кои ја оправдуваат продажбата на Касемиро од 70 милиони! (ВИДЕО)

од Vladimir Zorba
301 прегледи

На денот кога Касемиро по 10 години го напушти Реал Мадрид и се пресели во Манчестер Јунајтед, се чинеше дека „кралскиот“ клуб направи голема грешка.

Притисокот никогаш не беше поголем и Орељан Чуамени беше под посебна лупа, бидејќи не е исто кога е стартер во ротацијата, а кога се знае дека веднаш мора да влезе во копачките на Касемиро и да заигра со Модриќ, Камавинга, Крос…

Реал Мадрид синоќа на „Балаидос“ ја уништи Селта со 4:1, можеби не толку многу на играчки план, но тоа е тимот на Анчелоти. Знаат да го нападнат противникот и да постигнат многу голови со малку удари.

Одлична партија пружи Чуамени, кој беше стартер во отсуство на Тони Крос, за кого Анчелоти ден пред мечот изјави дека почесто ќе игра со задните играчи, иако тоа не му се допаѓа на Германецот.

Французинот толку добро си ја заврши работата, што навивачите и медиумите во Мадрид се радуваат, бидејќи Реал е само 30 милиони во минус во трансакциите на Чуамени и осум години постариот Касемиро.

Чуамени пристигна за 100 милиони, Касемиро беше продаден за 70, а Реал има нов играч за следната деценија.

А еве како настапи на денот кога Касемиро си замина:

Слични содржини