547
Ако изедете банана и испиете чаша млака вода (подобро топла отколку ладна), ќе го подобрите варењето. Исто така, важно е полека да ја пиете водата и да ја јадете бананата, а ништо друго да не јадете барем половина час потоа.
Факт е дека бананите имаат многу скроб, но имаат низок гликемиски индекс. Бананата долго се вари и ви дава чувство на ситост, а ја спречува и апсорпцијата на јаглехидратите, што е од клучно значење за согорувањето на мастите.
Доколку одлучите на овој начин да го регулирате варењето и да се ослободите од вишокот килограми, можете да го забрзате процесот на слабеење доколку наместо вечера изедете банана и испиете чаша млака вода.
Експертите препорачуваат да не јадете ништо после 8 часот навечер.