408
Жениве се на улица!! Месец дена!! Избркани и со здравствени проблеми!Социјално не реагира, брза помош не доаѓа!!, вака гласи објавата која се шири на социјалните мрежи.
“Во Капиштец има две бездомни жени, од кои едната е на 90 години, другата околу 60 години и можно е да има психолошки проблем. Повозрасната жена никој не ја прима бидејќи има пензија од 14.000 денари и е сенилна и наглува, а за помладата не знам ништо. На улица се повеќе од месец дена, беа згрижени на краток период, но еве ги повторно на улица“, стои во објавата на социјалните мрежи.