Две жртви во тешка сообраќајка близу Макази на патот Ресен – Битола

од desk2
54 прегледи

Битолчанец (52) кој живеел и работел во Германија и 20-годишен охриѓанец ги загубија животите во тешката сообраќајна несреќа што се случи денеска во 13.09 часот на патот Ресен – Битола кај местото Свлечиште, односно на еден километар по Макази, во правец кон Битола.

Се судриле автомобил „мерцедес“ со странски таблички, со кој управувал сега починатиот 52-годишен битолчанец и „опел“ со охридски таблички во кој биле две лица од Охрид, на возраст од 20 години.

Битолчанецот починал при судирот, а во Клиничката болница Битола, каде бил пренесен по сообраќајката, починал еден од двајцата охриѓани во опелот.

Слични содржини