Двејн Џонсон, Ариана Гранде, Глен Клоус… меѓу највлијателните во светот

од Vladimir Zorba
192 прегледи

Актерот и продуцент Двејн Џонсон – Карпата, Ариана Гранде, Рами Малек, Глен Клоуз се меѓу водечките ѕвезди во листата на американското списание “Time” за највлијателни луѓе на годината.

Изданието ги подели во неколку категории: пионери, творци, лидери, икони и титани.

Тука влегуваат исто така Регина Кинг, корејската поп група БТС и други. Меѓу иконите се пејачките Тејлор Свифт и Лејди Гага, поранешната прва дама на САД Мишел Обама, режисерот Спајк Ли и уметникот Дејвид Хокни.

Листата на пионерите ја води канадската актерка Сандра О, а во оваа категорија е вклучено и вискито “Џони Вокер”, што според редакцијата има “мисијата да го промовира духот на прогресот”.

Возач на “титаните” е египетскиот фудбалер Мохамед Салах, следен од личности како кошаркарот Леброн Џејмс, основачот на Facebook Марк Зукерберг, голферот Тајгер Вудс.

Меѓу лидерите се Ненси Пелоси, претседател на Претставничкиот дом на САД, папата Францис, претседателите на САД, Бразил, Кина и Мексико – Доналд Трамп, Жаир Болсонаро, Си Цзинпин и Андрес Мануел Лопез Обрадор, како и лидерот на венецуелската опозиција Хуан Гуајдо.