Двејн Џонсон најплатен актер за 2019

од desk2
162 прегледи

Познатиот актер Двејн The Rock Џонсон се наоѓа на 15 место на новата листа најплатени славни личности на Forbes.

Тој заработи 124 милиони долари во 2018 година. Неговата присутност во медиумите во голем дел е и заслужна за тоа што тој заработува толку пари од блокбастерите кои ги снима, а од кои заработува и по 25 милиони долари од улога.

Во 2019 година досега заработи 89,4 милиони долари, а неговата вредност по 25 годишната кариера е проценета на 280 милиони долари. Според магазинот, Џонсон ги има заработено парите од филмовите како „Hobbs & Shaw“ и „Jumanji: The Next Level“.

На листата со најголема заработка досега во 2019 година се наоѓаат:

1. Тејлор Свифт – 185 милиони долари

2. Кајли Џенер – 170 милиони

3. Канје Вест – 150 милиони

4. Лео Меси – 127 милиони

5. Ед Ширан – 110 милиони

6. Кристијано Роналдо – 109 милиони

7. Нејмар – 27 милиони

8. Д Иглс – 100 милиони

9. Доктор Фил – 96 милиони

10. Канело Алварез – 94 милиони долари.