Двејн Вејд: Дел од мојот бубрег беше отстранет поради рак

од Vladimir Zorba
9 прегледи

Познатиот американски кошаркар Двејн Вејд во својот поткаст „The Why With Dwayne Wade“ зборуваше за здравствените проблеми што ги имал.

Според ESPN, трикратниот шампион во НБА имал стомачни болки и отишол на преглед по неколку години пауза.

Му бил дијагностициран рак на бубрегот, а била препорачана операција на која славниот кошаркар бил подложен во 2023 година. Вејд откри дека 40% од туморот е отстранет и дека сега се чувствува добро.

„Фала му на Бога што ја направив таа операција. Тоа беше првпат моето семејство, пријателите и другите да ме видат колку сум слаб. Тоа беше веројатно најтешката точка во мојот живот. Во тие моменти на слабост најдов сила“, изјави 43-годишниот Вејд, кој ја заврши својата НБА кариера во 2019 година.

Вејд играше во НБА 16 години, а во 2006 година беше МВП на финалето, кога го предводеше Мајами до титулата.

Слични содржини