Движење „Ниту една повеќе“: Жените во Македонија не се заштитени

На протестот беа побарани измени во Кривичниот законик, како и насилството врз жените да се гони по службена должност, а беше и најавено дека вакви собири се планира да се одржуваат секој четврток.

од Vladimir Zorba
23 прегледи

Движењето „Ниту една повеќе“ вечерва пред Собранието изрази револт поради убиството на велешанката Росица, како и многу други случаи на фемициди кои имаат несоодветен третман од институциите.

Тие вечерва посочија дека жените во оваа држава не се заштитени.

На протестот беа побарани измени во Кривичниот законик, како и насилството врз жените да се гони по службена должност, а беше и најавено дека вакви собири се планира да се одржуваат секој четврток.

Испратен беше повик сите заинтересирани да го кажат своето искуство на темата и да ја споделат својата приказна.