Движењето #Протестирам испорача барања- нема преговори без нас !

од Vladimir Zorba
93 прегледи

За движењето преговорите во Виена се неприфатливи. Тие испорачаа свои барања како носители на седумдневните протести во Скопје0,,19197294_303,00

Еве го нивното  соопштение со целосните барања:

„Ние, граѓанките и граѓаните кои во борбата за правда и демократија, здружени протестираме низ улиците на Македонија во име на слободата, правдата и еднаквоста, нагласуваме дека преговори во овие услови се неприфатливи.
Затоа, одлучно продолжуваме со протести и бараме:
– Итно повлекување на одлуката за аболиција на сите оние против кои се води истрага и против кои е покренато обвинение од страна на Специјалното јавно обвинителство (СЈО);
– Итна и неотповиклива оставка на Ѓорге Иванов од функцијата Претседател на Република Македонија;13046065_10154082379254804_844355704_n
– Произнесување на Уставниот суд за уставноста на СЈО;
– Формирање на специјално одделение на Кривичниот суд, кое ќе биде надлежно за случаите под јурисдикција на СЈО;
– Итно повлекување на одлуката за одржување на парламентарни избори на 5 јуни;
– Задолжително вклучување и присуство на независни претставници на граѓанското општество во процесот на решавање на кризата;
– Формирање на преодна влада која докрај ќе ги имплементира итните реформски приоритети од извештајот на Прибе.
Дотогаш, нашата политичка борба останува на улиците. Нема правда, нема мир!“, соопштуваат од „Протестирам“.