Двојно убиство се случило синоќа во Гевгелија, информираат од МВР.
Шеесет и деветгодишниот В.Г. од Гевгелија се сомничи дека вчера вечерта ги усмртил брата си Л.Г. (71) и снаата Т.Г. (62).
Од СВР Струмица информирале дека синоќа околу 19 часот полициски службеници го лишиле од слобода В.Г. кој пред влез од куќа во Гевгелија со пиштол пукал кон неговиот брат и снаа, кои починале на местото на настанот.
Смртта кај сопружниците ја констатирал лекар од Итна медицинска помош од Гевгелија, а лицето е задржано во Полициската станица во Гевгелија и од него било одземено оружјето со кое го извршил убиството.
Увид на местото на убиството извршил јавен обвинител и увидна екипа од гевгелиската полиција.