(DW )Божидар Димитров би сакал од Македонците да направи Бугари, а со тоа и граѓани на ЕУ

од desk3
99 прегледи

 

Првиот канал на германската државна телевизија во репортажа од Софија ги анализира бугарско-македонските односи низ призмата на директорот на тамошниот директор на Националниот историски музеј, Божидар Димитров -пренесува DW.

0,,4520100_4,00

Божидар Димитров би сакал од Македонците да направи Бугари, а со тоа и граѓани на ЕУ. Неговата теза: сите тие и онака се Бугари. За да ја оствари својата цел, поранешниот министер за Бугарите во туѓина бара промени во законите. Тие би можеле да бидат донесени уште оваа година.
Божидар Димитров секоја сабота има сопствена историска емисија на еден бугарски канал. Овој 70-годишник се смета себеси за чувар на бугарското историско наследство и пропагандист на националните прашања. Со популистички тези овојпат тој бара промена на законот, што ќе овозможи Македонците со бугарски корени само врз база на усно изјаснување- на бугарски јазик- да добијат бугарско државјанство. Писмени докази за бугарското потекло, како досега, повеќе не би биле потребни. За историчарот Божидар Димитров еден издржан чекор, како што и самиот објаснува:
„1.300 години сѐ до 1944 во Македонија живееја Бугари. И еден убав ден некој им рече дека повеќе не се Бугари, туку Македонци. Дека немаат ништо заедничко со Бугарија, дека ќе им биде создадена држава, ќе им биде напишана сопствена историја и посебен јазик.

И така и беше сторено. Но во последно време се јавуваат проблеми со идентитетот“.

Речиси 500 илјади Македонци на тој начин можат да станат Бугари, а со тоа и граѓани на ЕУ, се надева директорот на музејот. Тоа би претстаувало една четвртина од севкупното население во Македонија. На тој начин би се потврдила и неговата теза за бугарското потекло на Македонците, која историчарот Димитров остро ја брани. И тој и неговата теза се контроверзни, со оглед на тоа што Димитров порано работел за комунистичката тајна служба и поради тоа морал да се откаже од министерската функција. Но, сепак тој и натаму се залага за промена на законот, во чиј успех нема никаков сомнеж:

Повеќе ТУКА