Во наредните денови НАТО ќе провери дали Турција ги почитува барањата на Алијансата за демократичност и владеење на правото, соопшти државниот секретар на САД Џон Кери, цитиран од “Вашигтон пост”.
“НАТО има барање и за почитување на демократијата. Очигледно е дека доста луѓе многу брзо беа уапсени. Очигледно е дека нивото на будност и проверка во наредните денови ќе биде зголемено. Се надеваме дека ќе работиме во конструктивен дух и ќе спречиме повлекување од демократските принципи “, рече Кери.
Тој додаде дека неговиот колега Мевлут Чавушоглу на неколку пати го уверил дека владата ќе го почитува владеењето на правото, а Кери го предупредил дека НАТО ќе ги “оцени” неговите активности. Главната загриженост е поврзана со повиците за обновување на смртната казна во Турција, нешто кое се критикува од ЕУ. Во Европа се загрижени за договорот со Анкара за задржување на имигранти и бегалци.
Портпаролот на Стејт департментот Џон Кирби изјави дека НАТО внимателно ќе ги следи настаните во Турција “, но е премногу рано да се зборува дека нејзиното членство може да биде загрозено”.
СЈО поднело жалба на одлуката на судот да не ги суспендира „алфите“ од случајот „Тортура“
Всушност во Вашингтонскиот договор нема специфичен текст за исклучување на земја – член на Алијансата, а сличен случај немало во историјата.
Дури и да има причина за такво нешто, тоа треба да се некакви исклучително околности – на пример напад од една земја во НАТО против друга. Но и тоа е дискутабилно со оглед на фактот дека од 70-тите години поради Кипар и тензиите во Егејот Турција и Грција биле неколку пати на прагот на вооружен судир и никој не го поставил под сомнение нивното членство во Унијата.