Настаните во Украина од минатата година се покажаа катастрофални за Владимир Путин. Рускиот претседател треба да се сети судбината на своите претходници.

фридман

Во октомври 1964 година Никита Хрушчов се врати од одмор, за да утврди дека е соборен од Леонид Брежнев. Пред тоа, во 1962 година Хрушчов беше понижен во Карипскaта криза. Оваа околност плус неговата неспособност да ја придвижи напред економијата по 10-годишно власта  ги натераа најблиските колеги на Хрушчов да го испратат во оставка. Сериозните неуспеси на меѓународната сцена и економскиот пад  доведоа до отстранувањето на шефот, кој изгледаше неранлив.

Економската состојба сега на Русија не е толку катастрофална, како кај Хрушчов или Елцин, но во последно време таа значително се влошува  и – што е уште поважно – тоа не ги исполнува очекувањата. Тргна  се по кризата од 2008 година, кога Русија се судри со забавување на темпото на раст на Бруто домашниот производ во текот на неколку години. Во последните 4 години долговите на регионалните власти се дуплирани, а некои региони се поблиску до банкрот. Нешто повеќе, заканата од банкрот е надвисната над некои металуршки, собирачи и примарните компании. Украинската криза уште повеќе ја влоши ситуацијата. Бегството на капитал од Русија во првата половина на 2014 година достигна 76 милијарди. Долари, додека за целата 2013 година тоа беше 63 милијарди долари. Директните странски инвестиции во првата половина на 2014 година се намалија  за 50% во споредба со истиот период 2013 година. Сето ова се случи, иако тогаш цените на нафтата беа над 100 долари за барел.

Популарноста на Путин  ја зголемија по успешното спроведување на Олимпијадата во Сочи и откако западните медиуми почнаа да го претстават како агресор во Крим. Но големата победа може да биде разгледана како прикривање на повлекување во услови на сериозни економски проблеми. Економијата покажува дека рејтингот  пред украинската криза не е баш многу високи.

Режимот создаден од Путин или демократскиот процес не се клуч за разбирање што ќе се случува  во иднина. Тој  ги врати  советските елементи во државната структура и дури го користи терминот “Политбирото” за својот кабинет во тесен состав. Се разбира, овие луѓе се избираат лично од него, затоа  и може да се претпостави дека тие ќе му бидат верни. Но  во  и со Политбирото од советски стил човек треба да се стравува најмногу од блиските колеги.

Моделот на Политбирото е наменет за да може шефот да создава коалиции меѓу различните фракции и групи. Путин многу вешто го прави тоа и до моментов тој  ги реализира сите важни  потфати. Неговата способност да  ги држи сите и од страна,    ги слабее со намалувањето на довербата кон него, и сега различните фракции почнуваат да се загрижени за последиците од својата близина до дејствијата на  лидерот  и се обидуваат некако да маневрираат. Слично ни Хрушчов,  го довело до пропаќање  во економијата и меѓународната политика, Путин може да си ја доведе работата  дотаму. што може да биде отстранет од своите колеги.

Сега е тешко да се замисли како ќе се развива кризата при промената на власта, ако  знаеме дека уставниот процес на предавање на власта постои паралелно со неформалната вертикала на власта, изградена од Путин. Министерот за одбрана Сергеј Шојгу и московскиот градоначалник Сергеј Собјанин се популарни како и Путин и се сомневаат дека со текот на времето тие ќе станат уште повеќе популарни. Ако се одигра судир во советски манир негови ривали може да станат исто  и шефот на претседателската администрација Сергеј Иванов и шефот на Советот за безбедност Николај Патрушев. Но има и други луѓе. На крајот на краиштата кој беше очекувал дека ќе се појави Михаил Горбачов?

Онака тешко опстануваат политичари,  кои ќе згрешат и  со недостатоци во политиката. Путин допушти грешка во Украина, не успеа да предвиди падот на својот сојузник (Виктор Јанукович), не реагира ефикасно на настаните, а потоа допушти низа груби грешки во текот на одмазднички акции. Неодамна управувањето на економијата кај Путин далеку не е примерен, да не кажеме и полошо. Негови колеги велат дека тој би можел да работи и подобро, а сега и во Европа многу влијателни луѓе би се радувале тој да слезе од сцената. Тој мора брзо да скрши овој тренд, инаку ќе биде соборен.

Крајот на Путин ни од далеку не е близок. Но тој управува со земјата 14 години,  а ако се земе и времето кога претседателската  позиција  беше зафатен од Дмитриј Медведев. А тоа е многу време.Тој може целосно да фи  обнови своите позиции, но јас би претпоставил дека во главите на неговите колеги тивко  се будат  одредени мисли. Путин сигурно секој ден размислува за  варијантите со кои располага. Тешко ќе му е да отстапи пред Западот и да се смири со состојба на работите во Украина, но  во сегашната форма ситуацијата исто така не може долго да трае.Постои веројатност дека при таква положба Путин може да стане уште поагресивен, ако се соочи со сериозни политички проблеми. Не сметам дека Путин реално е во опасност, но во последно време премногу работи не му одат како што треба и во оваа врска не можам да исклучам таква можност (за поголема  агресивност на Путин – бел.ред). Како што се случува со секоја политичка криза, при влошување на ситуацијата на ум доаѓаат се повеќе радикални опции за акции.

Оној кој мисли дека Путин е репресивен и најагресивни од руските раководители, треба да знае дека тоа не е така. Ленин, на пример, беше страшен. Но Сталин бил уште пострашен.Затоа ништо чудно еден ден светот да гледа на путинската ера како на време на либералност и толеранција. Целиот проблем се сведува на следново: ако се дефинира  како борбата на Путин за опстанок, стремежот на противниците да го елиминираат,  ќе се засили и дефинитивно подготвеноста на земјите кон користење на насилство и цврсти мерки.

————

Џорџ Фридман е американски политиколог, основач и директор на приватната информатичко-аналитички разузнавачка компанија Стратфор. Неговата најнова книга е “експлозивна точки на Европа. Унијата – банкрот или подем”.

Слични содржини