Ѕидот на плачот во Ерусалим: Бдение и свеќи за 1.400 жртви еден месец по нападот на Хамас

од Stefanija Kuzmanovska

Израелците ноќеска запалиле свеќи на Ѕидот на плачот во Стариот град во Ерусалим за секоја жртва на нападот на Хамас врз јужен Израел пред еден месец.

Насобраните запалија свеќи, а на ѕидините на градот беа проектирани фотографии од околу 240 заложници кои ги држеше Хамас во Газа, јавува Би-Би-Си.

Повеќе од 1.400 луѓе беа убиени во Израел, повеќето од нив на 7 октомври, во нападите на Хамас кои го започнаа конфликтот, а 242 заложници беа однесени од Израел во Појасот Газа.

Во Појасот Газа денеска бројот на загинатите во војната меѓу Израел и Хамас надмина 10.000, меѓу кои 4.100 деца и 2.640 жени, покажуваат податоците на локалното министерство.

Слични содржини