ДЗР со извештај за СДСМ: Средствата за членарина се уплатуваат директно на трансакциска на партијата, во вкупен износ за сите поединечни уплати, а не одделно за секоја уплата

од Vladimir Zorba
214 прегледи

Државниот завод за ревизија изврши ревизија на финансиските извештаи заедно со ревизија на усогласеност на Социјалдемократски сојуз на Македонија на сметката за редовно работење за 2020 година.

Со извршената ревизија за 2020 година, изразивме мислење со резерва за вистинито и објективно прикажување на финансиските извештаи и за усогласеноста на финансиските трансакции со релевантната законска регулатива, упатства и воспоставените политики.

Извршена е ревизија на финансиските извештаи заедно со ревизија на усогласеност на СДСМ на сметката за редовно работење за 2019 година и изразено е мислење со резерва за вистинитоста и објективноста на финансиските извештаи, како и за усогласеност на активностите, финансиските трансакции и информации со релевантната законска регулатива, упатствата и воспоставените политики.

Со ревизијата беше опфатено и спроведувањето на препораките дадени во Конечниот извештај на овластениот државен ревизор за 2019 година, при што е утврдено дека дадените две препорака не се спроведени.

Со ревизијата на финансиските извештаи за 2020 година, констатирани се следните состојби:

– за дел од градежните објекти, наследени од правниот субјект претходник на партијата не e решен сопственичкиот статус, поради што истите не се воведени во евиденцијата кај надлежната агенција и во сметководствената евиденција на партијата, за која состојба овластениот државен ревизор извести и во Конечните извештаи за претходни години и

– средствата за членарина од секоја општинска организација се уплатуваат директно на трансакциската сметка на партијата, во вкупен износ за сите поединечни уплати, а не одделно за секоја уплата.

За утврдените состојби дадени се препораки до одговорните лица во партијата со цел преземање мерки за надминување на состојбите.

Во делот на Нагласување на прашања за неизвесност и континуитет обелоденети се состојби кои се однесуваат на структурата на изворите на финансирање од аспект на учеството на приватните и јавните извори на финансирање.