ДЗР со ревизија на работењето на двете најголеми македонски политички партии

од Vladimir Zorba
236 прегледи

Државниот завод за ревизија изврши ревизија на финансиските извештаи заедно со ревизија на усогласеност на ВМРО – ДПМНЕ и СДСМ на сметката за редовно работење за 2021 година.

Со извршената ревизија за 2021 година, изразено е мислење со резерва за вистинитоста и објективноста на финансиските извештаи и за усогласеноста на финансиските трансакции со релевантната законска регулатива, упатства и воспоставените политики и за двете партии.

Извршена е ревизија на финансиските извештаи заедно со ревизија на усогласеност на ВМРО – ДПМНЕ на сметката за редовно работење за 2020 година и изразено е мислење со резерва за вистинитоста и објективноста на финансиските извештаи, како и за усогласеност на активностите, финансиските трансакции и информации со релевантната законска регулатива, упатствата и воспоставените политики.

Со ревизијата беше опфатено и спроведувањето на препораките дадени во Конечниот извештај на овластениот државен ревизор за 2020 година, при што е утврдено дека дадена е една препорака и истата не е спроведена, од причина што спроведувањето на истата зависи од конечната одлука по завршување на постапката поведена пред надлежните органи во однос на дел од имотот на партијата.

Со ревизијата на финансиските извештаи за 2021 година, констатирана е состојба која се однесува на забрана за привремено располагање со дел од имотот на политичката партија преку поведена постапка, која влијае на проценетата вредност на дел од недвижниот имот искажан во Билансот на состојба, за што овластениот државен ревизор извести и во Конечниот извештај за извршена ревизија на финансиските извештаи заедно со ревизија на усогласеност за 2020 година.

За утврдените состојби дадена е препорака до одговорните лица во партијата со цел преземање мерки за надминување на состојбите.

Во делот на Нагласување на прашања за неизвесност и континуитет обелоденети се состојби кои се однесуваат на неизмирени обврски спрема добавувачите кои потекнуваат од минати години и за структурата на изворите на финансирање од аспект на учеството на приватните и јавните извори на финансирање.

Во однос на СДСМ, Извршена е ревизија на финансиските извештаи заедно со ревизија на усогласеност на партијата на сметката за редовно работење за 2020 година и изразено е мислење со резерва за вистинитоста и објективноста на финансиските извештаи, како и за усогласеност на активностите, финансиските трансакции и информации со релевантната законска регулатива, упатствата и воспоставените политики.

Со ревизијата е опфатено и спроведувањето на препораките дадени во Конечниот извештај на овластениот државен ревизор за 2020 година, при што е утврдено дека дадените две препораки не се спроведени.

Со ревизијата на финансиските извештаи за 2021 година, констатирани се следните состојби:

– за дел од градежните објекти, наследени од правниот субјект претходник на партијата не e решен сопственичкиот статус, поради што истите не се воведени во евиденцијата кај надлежната агенција и во сметководствената евиденција на партијата, за која состојба овластениот државен ревизор извести и во Конечните извештаи за претходни години и

– средствата за членарина од секоја општинска организација се уплатуваат директно на трансакциската сметка на партијата, во вкупен износ за сите поединечни уплати, а не одделно за секоја уплата.

Слични содржини