ДЗС: 126.415 туристи во јуни, од кои 20.1 % се домашни, а 79.9 % се странски

Бројот на ноќевањата во јуни 2025 година изнесува 243.157, од кои 26.7 % се од домашните туристи, а 73.3 % од странските туристи.

од Vladimir Zorba
8 прегледи Фото: Локално

Бројот на туристите во јуни 2025 година изнесува 126.415, од кои 20.1 % се домашни туристи, а 79.9 % се странски туристи, соопшти ДЗС.

Бројот на ноќевањата во јуни 2025 година изнесува 243.157, од кои 26.7 % се од домашните туристи, а 73.3 % од странските туристи.

Во периодот јануари – јуни 2025 година, во однос на истиот период од претходната година, вкупниот број на туристите е зголемен за 13.5 %, односно кај домашните туристи има намалување за 2.5 %, а кај странските има зголемување за 19.7 %.

Во периодот јануари – јуни 2025 година, во однос на истиот период од претходната година, вкупниот број на ноќевањата е зголемен за 8.5 % така што кај домашните туристи има намалување за 1.1 %, а кај странските има зголемување за 13.3 %.