Вкупната бруто-произведена електрична енергија во август 2025 година изнесува 381 301 МWh, што претставува 93.2 % од бруто-домашната потрошувачка на електрична енергија, oбјави Државниот завод за статистика.
Во август 2025 година, вкупната потрошувачка по видови енергенти изнесува 409 092 МWh електрична енергија, 20.185 мил. нм3 природен гас, 267 987 тони јаглен и 110 475 тони нафтени продукти.
Бруто-домашното производство на електрична енергија учествува со 93.2 % во бруто-домашната потрошувачка на електрична енергија, додека 99.9 % од вкупната потрошувачка на јаглен се употребени за производство на електрична енергија.
Споредено со истиот месец од претходната година, во август 2025 година:
* Потрошувачката на природен гас е намалена за 40.1 %, како резултат на намалената активност на когенеративните постројки
* Потрошувачката на нафтени продукти е намалена за 7.5 %