ДЗС: Се намалува бројот на склучени бракови, но и на разводи

од Vladimir Zorba
137 прегледи

Според податоците на Државниот завод за статистика, во ова тримесечје од годината склучени се 4 614 бракови и нивниот број е намален за 5.1 % во споредба со истиот период од 2021 година.

За третото тримесечје од 2022 година се добиени 314 извештаи за разведени бракови, што претставува намалување од 13.0 % во споредба со истото тримесечје од 2021 година.

Во третото тримесечје од 2022 година, живородени се 4 956 деца и во споредба со истиот период од претходната година нивниот број е намален за 3.0 %.

Бројот на починати лица во третото тримесечје од 2022 година бележи намалување од 28.9% во споредба со истото тримесечје од 2021 година, односно 5 145 лицa, од кои 12 се починати доенчиња.

Природниот прираст е -189 лица, односно за толку лица е помал бројот на живородените деца од бројот на починатите лица.

Слични содржини