Европската банка за обнова и развој (ЕБОР) ги намали прогнозите за економскиот раст за голем број земји од Централна и Југоисточна Европа во новиот мајски извештај за „Економските перспективи“ на регионот, претставена денеска на годишниот состанок на Банката во Маракеш.
Според новите проекции на ЕБОР, прогнозата за раст на Хрватска за 2022 година е намалена за 0,2 процентни поени на 3,0 отсто, а за следната година е намалена за половина процентен поен, на 3,5 отсто, во однос на прогнозите од март.
Годинешната стапка на раст во Словенија ќе биде 3,5 отсто, што е за 0,1 процентен поен помал од очекуваното во март, додека во 2023 година проценката е намалена за 0,8 процентни поени, на 3,0 отсто.
Растот на бруто домашниот производ (БДП) на Албанија е проектиран на 3,0 отсто оваа година и 3,3 отсто следната година, што е намалување за 0,3 процентни поени и 0,2 процентни поени, соодветно, во однос на мартовскиот извештај.
Прогнозите за економски раст во регионот на Западен Балкан останаа главно непроменети, при што само проценките на Босна и Херцеговина за оваа година се зголемија за 0,7 процентни поени на 3,0 отсто.
За Црна Гора, Северна Македонија и Косово, проценката на растот за 2022 година остана непроменета на 3,7 отсто, 3,0 отсто и 4,0 отсто, соодветно.
ЕБОР предвидува дека економијата на Украина годинава ќе падне за 30 отсто, во Русија очекува пад од 10 отсто, а во Белорусија за 4,0 отсто.