Британскиот весник Гардијан објави статија за нациноналниот парк Маврово и за состојбите околу проектот „Бошков Мост“. Спред авторот на статијата Артут Нелсен официјални лица од Европската банка за обнова и развој (ЕБОР) потврдуваат дека целата процедура за реалзизација на проектот, но и за браната „Луково Поле“, моментално се запрени се до добивање на еколошката анализа,а посебно се инсистира анализа за евентуалната загрозеност на балканскиот рис кој живее во Маврово.
„Се додека студијата не се заврши, нема да се преземаат никакви активности. Поради жестоките реакции од страна на експертите од областа на заштита на животната средина и засегнатата поширока јавност, работата на терен е отежната“, изјавиле од ЕБОР за весникот.
Повеќе ТУКА
