ЕЦБ тврди дека помина врвот на инфлацијата во еврозоната

од Nikola Popovski

Базичната инфлација во еврозоната веројатно го достигна својот врв во првата половина од оваа година, што укажува на забавен раст и на другите цени, објави Европската централна банка (ЕЦБ).

Најновите податоци укажуваат дека во септември ЕЦБ би можела да запре серија од девет последователни зголемувања на референтните каматни стапки, бидејќи особено ја следи динамиката и развојот на состојбата со базичната инфлација, која ги исклучува најпроменливите цени, храната и енергијата.

Медијалните и просечните вредности на базичната инфлација укажуваат дека базичната инфлација веројатно го достигнала својот врв во првата половина од годината – наведуваат од ЕЦБ, пренесува Пословни.хр.

Централната банка на еврозоната наведе околу десет индекси на базичната инфлација, кои се движат од мерки кои едноставно ги отстрануваат традиционално нестабилните цени на храната и енергијата до пософистицирани оние кои користат математички модели за да се фокусираат на издржливи компоненти.

Потрошувачките цени, без енергија и непреработена храна, се зголемија за 6,6 отсто во јули во еврозоната. Тоа е прво забавување откако кривата се зголемува веќе неколку месеци.

Во јуни базичната инфлација беше 6,8 отсто. Но, кога од пресметката се исклучени алкохолот и тутунот, инфлацијата беше стабилна на ниво од 5,5 отсто, поради забрзувањето на растот на цените на услугите.

Сепак, Ројтерс забележува дека ЕЦБ забележала дека нејзиниот индикатор PCCI (инфлација на постојана и заедничка компонента) се чини дека почнал да паѓа и за услугите.

Слични содржини