Ед Ширан и неговата сопруга го добија второто дете, го открија и полот (ФОТО)

од Stefanija Kuzmanovska

Музичарот Ед Ширан објави на Инстаграм дека тој и неговата сопруга Чери Сиборн го добија второто дете, уште едно девојче.

Ширан сподели фотографија од слатки бели чорапи на кафено ќебе.

„Сакам да ве известам сите дека добивме уште едно прекрасно девојче. Двајцата сме толку вљубени во неа и изненадени сме што сега сме четиричлено семејство“, напиша Ед.

Музичарот не откри кога се родило девојчето. Двојката веќе ја има едногодишната ќерка Лири Антарктика, која се роди во септември 2020 година.

Ед и Чери се заедно од 2015 година, а се венчаа во 2019 година.

Слични содржини