Иако можеби предходно не сте забележале, Меган Маркл и Кејт Мидлтон заземаат потполно различен став кога се фотографираат, а експертот за говор на тело тврди дека токму во тоа може да се види колку се разликуваат.
Војвотката од Сасекс, Меган, секогаш се труди да гледа дирекно во објективот на камерата. Со тоа оддава слика на пристапна и самоуверена жена.
– Иако Меган има исти години како Кејт, постои огромна разлика во нивниот однос со камерата – рекол Џуди Џејмс, автор на книгата „Библија на говорот на телото“.
Како млада жена која и припаѓа на селфи генерацијата, Меган има навика да кокетира со камерата што сугерира дека сака отворено и самоуверено да комуницира, на начин на кој нејзините врсници го прават на социјалните мрежи.
Од друга страна, војвотката од Кембриџ, Кејт Мидлтон скоро секогаш одбегнува да гледа дирекно во камерата. Џејмс тврди дека избегнувањето на контактот со очите сугерира дека е резервирана или едноставно пасивна личност.
– Фактот дека Кејт отишла зад камерата за да ги фотографира детските фотографии докажува дека таа е најверојатно интровертна личност, за разлика од Меган која „пука“ со самодоверба. Кејт убаво позира, но нема дирекна комуникација со фоторепортерите – истакнал Џејмс.