Еден навивач загина во немири по дербито во Рио

од desk2
100 прегледи

Натпреварот меѓу градските ривали Васко де гама и Фламенго во бразилски Рио де Женеиро, во кој гостите славеа со 1:0, остана во сенка на немирите иницирани од домашниот тим веднаш по средбата.


Полициските сили во стадионот со навремена реакција спречија упад на агресивните навивачи на теренот и при тоа со огнено оружје усмртија еден, а ранија двајца млади.

Неименуван 27-годишен навивач на Васко им подлегна на повредите во болница, додека другите двајца се вон животна опасност по ранувањето во ногата.

Локалните медиуми известуваат дека гостинските навивачи по мечот биле „заробени“ на дел од трибините додека полицијата не вовела ред на самиот стадион и во околните улици каде исто така било хаос.

Навивачите на Васко по излегувањето од стадионот продолжиле да се судираат со полицијата а во таа борба фрлале се што им се нашло под рака.