Од италијанските нисколигашки терени ни доаѓа НЕВЕРОЈАТНА ситуација. На натпреварот помеѓу Гивиборг ((Ghivizzano Borgo a Mozzano) и Корегезе (1:2) минатиот викенд во Серија Д падна бизарен автогол.
Гостинскиот тим тргна во напад во 35. минута, а домашниот дефанзивец реши да му ја врати топката на својот голман. Голманот ја префрли топката преку ногата и заврши кај друг стопер и капитен на тимот – Алесио Греа.
Не се снајде најдобро, па наместо да ја шутне топката си постигна автогол за паметење. Три минути подоцна тој се искупи со гол за 1:1, но неговиот тим на крајот загуби со гол на Корезе во 93. минута од натпреварот.