Еден од нападнатите полицајци во Степанци пренесен во Ургентниот центар во Скопје

од Vladimir Zorba

Во Општата болница во Велес синоќа се донесени петмина полициски службеници кои биле нападнати од дрвократци во атарот на селото Степанци.

Еден од нив имал тешки повреди на главата и по укажаната прва помош, околу 22 часот е итно пренесен во Ургентниот центар во Скопје.

Двајца од полициските службеници се пуштени дома, а двајца се задржани на Хуруршкото одделение во Општата болница во Велес.

– Еден од нив кој имал повреди од дрвена палка во стомакот синоќа се пожалил на болка и испратен е на Интензивна нега во Хируршкото одделение при Велешката болница и сега е во стабилна состојба, изјави за МИА д-р Весна Неделковска-Николова, портпарол на Општата болница во Велес.

Инцидентот се случил синоќа околу 20 часот на стариот пат с.Извор – Прилеп, во атарот на село Степанци кога група дрвокрадци ја нападнале полициската патрола од пет полициски службеници од Полициското одделение – Чашка.

Портпаролот на СВР Велес, Верољуб Додевски информира дека досега се приведени четири лица.

– Се работи на расчистување на случајот, изави Додевски.

Со детали излегоа и од Министерството за внатрешни работи:

„На 24.09.2020 околу 20 часот на место викано Кисела вода во атар на село Степанци, Велес, при преземање на мерки против лица што вршеле бесправна сеча и превоз на дрва, биле нападнати пет полициски службеници, а напаѓачите употребиле и тврди предмети. Еден полициски службеник се здобил со тешки телесни повреди и е пренесен во Клинички центар во Скопје, а четворица полициски службеници се здобиле со повреди. Веднаш е известен јавен обвинител. До сега се приведени четири лица, идентификувани се други лица и пронајдено е возилото кое го користеле. Се преземаат мерки за расчистување на случајот“, велат од МВР.

Слични содржини