Осуденик за „Диво насење“ бил причината за големото полициско обезбедување на Клиничкиот центар вчера попладнето, кога на социјалните мрежи се прошири лажната вест дека е блокирана цела државна болница од едниците за брзо распоредување бидејќи се носел пацент со кopoнавирусот, дознава „Локално“.
Според нашите информации, бидејќи осудените за настаните во кумановското Диво насеље се затвореници од висок ризик, неопходно е полициско обезбедување од висок степен.
Веста дека во тој момент се носел случај сомнителен дека има коронавирус веднаш ја демантираше министерот за здравство, Венко Филипче, кој повика граѓаните да бидат одговорни и да не шират лаги и паника.
„На социјалните мрежи почнала да се шири лажна вест за идентификуван заболен од коронавирус во Скопје. Остро ја демантираме таа вест, во државава нема ниту еден случај на заболен од коронавирус. Бидете одговорни и не ширете лаги и паника во врска со коронавирус“, напиша Филипче.
Неколку часа подоцна, се појави и првиот случај во земјава кој беше тестиран за коронавирус, но наодите беа негативни.
Александар Тодески