Еден од првите проекти на Ѓорѓиевски како „градски татко“: Ќе се потрошат 10 милиони евра за проширување на Булеварот „Цветан Димов“ во Чаир

„Еден од клучните проекти коишто ќе го започнеме во самото влегување во Градот Скопје во октомври ќе биде токму реализацијаа на булеварот „Цветан Димов“, вели тој

од Vladimir Zorba
128 прегледи

Кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ за градоначалник за Градот Скопје, Орце Ѓорѓиевски денеска оствари теренска посета на улицата „Цветан Димов“ во Чаир (Јаја Паша) каде што треба да почне реализација на проект за проширување и урбанистичко уредување на просторот.

Ѓорѓиевски нагласи дека ова улица е една од црните критични точки на градот Скопје, проект којшто, како што рече, триесетина години наназад е ветуван од многу кандидати, но и од многу актуелни градоначалници коишто имале шанса да го водат Градот Скопје.

-После изборите во октомври каде што очекувам на тие избори силна поддршка од граѓаните на Градот Скопје, не само од Македонци, туку и од Албанци, од Турци, Роми, Власи и од сите останати, еден од првите приоритети наши ќе биде токму реализацијата на овој булевар, бидејќи веќе ја има во Градот Скопје комплетната документација, како и сите услови поврзани со експропријацијата која што ќе треба да ја напраивме. Еден од клучните проекти коишто ќе го започнеме во самото влегување во Градот Скопје во октомври ќе биде токму реализацијаа на булеварот „Цветан Димов“, вели тој.

За реализацијата на овој проект предвидени се вкупно 10 милиони евра, од кои околу 3 милиони за експропријација и околу 7 милиони евра за реализација на проектот. Со проектот е предвидено да има шест ленти, зеленило, тротоари, велосипедска патека и целосно осветлување.

Слични содржини