298
Ја информирам јавноста дека еден советник од мојот кабинет е позитивен на Ковид-19, напиша министерот за внатрешни работи, Наќе Чулев, на својот Фејсбук профил.
„Советникот не се инфицирал додека извршувал работни задачи, односно додека бил на работното место.Последен пат бил на работа на 02.06, а тестот го направил на 06.06, кога е потврдено дека е позитивен. Последната средба на Министерот со лицето била на 24.05.2020. Досега ниту едно лице од Кабинетот на министерот не е во изолација.Ве информирам дека Министерството за внатрешни работи ги презема сите неопходни мерки за заштита на сите вработени во министерството.Му посакувам добро здравје и побрзо оздравување.I dëshiroj shëndet të mirë dhe shërim të shpejtë“, напиша Чулев.