Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа регистрирани се нови 86 случаи на Ковид-19 од направени 1.167 тестови.
Билансот по градови изнесува: Скопје – 65, Битола – 4, Прилеп – 3, Гостивар, Штип, Ресен и Берово – по 2, Кавадарци, Велес, Охрид, Струмица, Кочани и Крива Паланка – по 1.
Од вкупниот број на новозаразени регистрирани се 18 реинфекции.
Регистрирани се 87 оздравени пациенти од: Скопје – 58, Битола – 8, Кавадарци – 6, Охрид – 4, Гостивар, Кочани, Струга и Гевгелија – по 2, Ресен, Радовиш и Демир Хисар – по 1.
Понатаму во извештајот се додава дека не се пријавени починати лица во последното деноноќие. Согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза КОВИД-19 од Мој Термин дополнително е регистрирано едно починато лице од Демир Капија (74г),починато во болнички услови. Лицето е починато на 29.04.2022 година.
Досега во земјата се направени вкупно 2.043.694 тестирања на КОВИД-19. Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 311.199, бројот на оздравени пациенти е 301.361, на починати е 9.297, а бројот на активни случаи изнесува 541.