Еден починат, петмина новозаразени од ковид 19

од Берта Китинска
296 прегледи

Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје, дека во последните 24 часа се направени 2.531 тестирање, а регистрирани се 5 нови случаи на ковид-19.

Како што е наведено во соопштението, двајца од новозаразените пациенти се од Скопје, а по еден од Кавадарци, Велес и од Берово.

„Регистрирани се 86 оздравени пациент од: Скопје – 31, Куманово и Прилеп – по 12, Тетово – 7, Гостивар и Охрид – по 6, Битола – 3, Крива Паланка, Демир Хисар и Кратово – по 2, Велес, Кичево и Виница – по 1. Пријавено е 1 починато лице од Виница (76) во болнички услови. Направени се 2.531 тестови преку: ИЈЗ-303, ЦЈЗ Скопје-36, ЦЈЗ Битола-35, ЦЈЗ Прилеп-15, ЦЈЗ Тетово–13, ЦЈЗ Куманово–21, Клиника за инфективни болести и фебрилни состојби-0, Судска медицина-2, лабораторија болница Козле-0, УК Пулмологија со алергологија 0, ГОБ 8-ми Септември-1, Институт за микробиологија–0, МАНУ-52, Жан Митрев (Филип Втори)-57, Авицена-149, Биотек-143, Систина-75, лабораторија Лаор-154, Синлаб-25, Ремедика-13, Плодност–53, Генеа–6, Никоб лаб-417, ВФВ Медикал-11, ЈЗУ и ПЗУ (рапид тест) – вкупно 950. Досега во земјата се направени вкупно 881.870 тестирања на ковид-19“, наведено е во соопштението.

Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 155.689, бројката на оздравени пациенти е 150.063, на починати е 5.485, а бројот на активни случаи изнесува 141.

Слични содржини