Еден турски и два македонски државјани со фалсификувани потврди за ПЦР тест сакале да ја напуштат државата

од Берта Китинска
257 прегледи

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје поднесе Обвинителен предлог против 72-годишен државјанин на Република Турција кој се товари дека извршил кривично дело – Фалсификување исправа од член 378 став 1 од Кривичниот законик.

На 9 април, на граничниот премин на Меѓународниот аеродром Скопје, обвинетиот употребил како вистинска лажна исправа – медицински сертификат за негативен ПЦР тест на SARS-COV-2 вирусот. Иако знаел дека документот е лажен, односно дека на 7 април не се тестирал во наведената лабораторија во Скопје, тој се обидел да ја напушти државата, употребувајќи го сертификатот пред овластените службени лица на аеродромот.

За истото кривично дело поведена е постапка и против двајца македонски државјани, маж и жена од Чегране, кои со лажна потврда за негативен ПЦР тест се обиделе да ја напуштат државата на 13 март. За нив надлежен јавен обвинител до Судот достави Предлог за издавање казнен налог со кој на Судот му предложи да им изрече парична казна од по 100 дневни глоби, а поединечната вредност на дневната глоба да биде определена на 20 евра во денарска противвредност.

Слични содржини