Еден загинат и тројца повредени во сообраќајка кај Струмица

од Aleksandar Todeski
287 прегледи

Едно лице загина, а три се повредени во сообраќајка што се случи попладнево околу 17 часот на местото Габровски водопади, на патот Банско-Колешино, откако автомобил марка „бмв“, управуван од В.М.(39) од село Моноспитово, излетал од патот.

Веста ја потврди портпаролката на СВР Струмица, Хризантема Рендевска, која инфомираше дека во незгодата со телесни повреди се здобиле возачот и двајца сопатници од село Моноспитово, додека сопатникот Д.Д (34) од истото село од здобиените повреди починал во Медицинскиот центар во Струмица.

На местото на несреќата интервенирало и едно противпожарно возило со шест пожарникари, кои ги извлекле повредените и извршиле обезбедување на автомобилот од евентуално опожарување со прекинување на електричниот погон.

По овластување на јавен обвинител, увид на местото извршила увидна екипа од СВР-Струмица.

Слични содржини