Вооружен инцидент е регистриран денеска во скопското село Батинци, при што едно лице починало. Според добиените првични информации, станува збор за прострелни рани.
„Денеска, околу 10:55 часот, во болницата е донесено машко лице, на возраст од 50 години, со рани во пределот на градниот кош. Веднаш беа преземени мерки за реанимација, но било констатирано дека тој е веќе починат“, соопштиле од Градската општа болница.
Полициски службеници извршиле увид на местото на настанот, а истрагата за утврдување на мотивите и околностите под кои дошло до пукањето е во тек.
Денеска (11.07.2025) околу 10:15 часот во СВР Скопје , М.Е. пријавил дека на влезот на с.Батинци, скопско, М.Џ. пукал со огнено оружје кон патничко возило „Киа“ кое било во движење. А.М.(50) се здобил со прострелни рани во пределот на градниот кош и бил пренесен во ГОБ„Св Наум Охридски“ за укажување на лекарска помош, каде во 11.00 часот од страна на доктор била констатирана смрт, соопшти МВР.