Еден загинат при вооружен инцидент во Топанско поле

од Nikola Popovski
835 прегледи

Вооружен инцидент се случил синоќа на полноќ во скопско Топанско поле. Според неофицијални информации, едно лице е убиено, а едно е повредено. Присутни биле голем број на полициски екипи во тој реон од градот.

Според првичните информации, лицата се мажи на возраст од 35 години. Од градската болница Свети Наум Охридски информирале дека во здравствената установа починатиот бил донесен без знаци на живот, а повредениот е во стабилна состојба.

Засега нема официјална потврда од полицијата.

Мотивите за нападот засега не се познати. МВР најавува повеќе информации во текот на денот.

Слични содржини