Еден загинат во сообраќајка меѓу комби и автобус на патот Велес – Штип

од desk4
99 прегледи

Во моментот на несреќата 15 патници биле во автобусот кој се движел во правец кон Штип. Неофицијално  автобусот имал кратовски регистарски таблички, а патниците оделе на одмор во Бугарија.

Со автобусот директно се судрило товарно комби со скопски ознаки. Загинатиот е возачот на комбито во кое немало други патници. Повредени има десетина лица кои со возила на брза помош се пренесуваат на хируршкото одделение на велешката болница, а помага и противпожарната единица.

Полицијата изврши увид и засега не соопштува детали за несреќата која се случила синоќа  околу 20.20 часот кај село Мамутчево кај клучката за Ново Село на регионалниот пат Велес – Штип.  прецизни детали се очекуваат во текот на денот.