Едер: Роналдо ми рече дека ќе постигнам гол

од Vladimir Zorba
89 прегледи

 

Стрелецот на победничкиот гол за Португалија во синоќешното финале на ЕУРО 2016 против Франција изјави дека голема верба во него имал Кристијано Роналдо.14681930302

– Кристијано ми кажа дека ќе постигнам гол кога ќе влезам во игра. Тоа ми даде дополнителен мотив и енергија. Иако не игравме најдобро што се однесува до техничкиот аспект, бевме како сплотени, гиневме едени за други. Селекторот Сантош е вистинки наш предводник. Тој ни наметна филозофија да веруваме дека можеме ова да го оствариме, изјави јунакот на Португалија.

Едер во игра влезе во 79.минута на местото на Ренато Санчез, а во 109.минута го постигна голот вреден победа и трофеј на Европското фудбалско првенство што изминатите триесетина дена се одржуваше во Франција