Албанскиот премиер и лидер на Социјалистичката партија, Еди Рама, прогласи победа на парламентарните избори во неделата и ги повика приврзаниците да се соберат вечерва за да ја прослават победата на плоштадот Скендербег.
Рама изјави дека „шампионите на тимовите на покровители, координатори, лидери, пратеници“ и кој сака да им се придружи ќе се соберат во 18 часот на плоштадот Скендербег за да ја прослават изборната победа.
Според досегашните резултати, владејачката Социјалистичка партија освои 73 места, што значи дека го обезбеди мнозинството што му треба за парламентот и формирањето на владата во следните четири години, пренесува „Еуроњуз Албанија“.
Околу 3,6 милиони гласачи, 2,8 милиони албански државјани и 800.000 Албанци од странство во неделата гласаа за 140 пратеници, кои ќе ги претставуваат во албанскиот парламент во следните четири години.