Единствена Русија едногласно го поддржа Путин за претседател

од Vladimir Zorba

Партијата Единствена Русија, на чело со заменик-претседателот на Советот за безбедност на Руската Федерација и поранешен претседател на земјата Дмитриј Медведев, денеска едногласно го поддржа Владимир Путин за претседател на следните избори закажани за март 2024 година, пренесува РИА Новости.

„Победата на претседателот Владимир Владимирович Путин како наш кандидат треба да биде легална, легитимна и целосно неспорна. Тоа се однесува на секоја членка на Единствена Русија“, рече Медведев.

Поранешниот претседател во своето обраќање до партиите во Думата додаде дека Русија нема да дозволи никој да наметнува правила кои се во спротивност со традициите и вредностите на таа земја.

Слични содржини