Единствената земја во Европа без случај на коронавирус ги затвори границите и ги забрани јавните собири

од Nikola Popovski
137 прегледи

Сè уште нема потврдени случаи на инфекција со коронавирусот во Црна Гора, но и покрај тоа, преземени се сите превентивни мерки, така што денес не се отворени училишта, сите јавни собири се забранети, а граничните премини кон сите земји во регионот  се затворени.

Институтот за јавно здравје соопшти дека досега се тестирани 88 лица за вирусот на корона и сите резултати се негативни.

„Има 783 лица под здравствен и санитарен надзор, од кои 392 се под надзор на ЈЗУ, а останатите се под надзор во другите општини“, рече д-р Каролина Хајдуковиќ за ТВЦГ.

Како дел од преземените мерки за да се спречи појава и евентуално ширење на вирусот корона, сите гранични премини за сите странци се затворени денес во Црна Гора, освен оние со постојан или привремен престој во Црна Гора.

Не работат ниту угостителските објекти, трговските центри, детските игралишта и обложувалниците.

Бројот на луѓе  во малопродажни места е ограничен на 50, а на пазарите до 100.