ЕДИНСТВЕНИОТ ЧЛЕН НА кралското семејство со кој Меган е блиска: Само ТАА не ѝ сврте грб!

од Nikola Popovski

Меган Маркл (39) отсекогаш била „црна овца“ на британското кралско семејство, особено откако ги напушти кралските должности со принцот Хари во 2020 година, односно кога двојката започна самостоен живот во Америка.

Тогаш таа стана една од најомразените членови на кралското семејство, на која многумина им свртеа грб. Сепак, Меган сè уште е во контакт со едно лице од кралската палата.

Според списанието „US Weekly“, војвотката од Сасекс и принцезата Јуџин, наводно, се многу блиски и покрај одлуката на поранешната актерка и нејзиниот сопруг да го напуштат кралското семејство.

„Принцезата Јуџин е всушност единствениот член на семејството со кого Меган остана во добри односи. Тие успеаја да останат во контакт, а за време на бременоста станаа уште поблиски“, изјавил неименуван извор за медиумите.

Имено, Меган, која го роди својот син Арчи во мај 2029 година, објави дека е бремена со своето второ дете приближно во исто време кога принцезата Јуџин имала син со нејзиниот сопруг Џек Бруксбенк.

Покрај тоа што се радуваа на бебињата што ги споделуваат, и Меган и принцезата Јуџин го кажаа судбоносното „да“ во 2018 година, во само пет месеци разлика. Меган и Хари одржаа венчавка од бајките во мај 2018 година, додека внуката на кралицата Елизабета Втора застана на лудиот камен во октомври истата година.

Овие настани ги зближија уште повеќе.

loading...

Слични содржини