Една година дел од НАТО: Централна свеченост во касарната „Илинден“ (ВИДЕО)

од Nikola Popovski
381 прегледи

Денес се одржува централна свеченост за одбележување на првата годишнина од членството на Северна Македонија во НАТО во касарната „Илинден“ во Скопје.

„Една од придобивките на нашето членство на НАТО е тоа што нашето небо и територија се дел од колективната заштита на 30-те земји членки на Алијансата“, беше потенцирано на денешниот настан.

По тој повод, три воени авиони на Алијансата прелетаа над македонско небо.

На настанот присуствува целиот државен врв, сочинет од претседателот на земјата, Стево Пендаровски, премиерот Зоран Заев и министерката за одбрана, Радмила Шеќеринска.

„Со чинот на депонирање на Северноатлантскиот договор во Стејт Департментот во Вашингтон, станавме 30-та полноправна земја-членка на најмоќниот военополитички сојуз на денешнината. Денес, знамето на Република Северна Македонија се вее пред седиштето на НАТО во Брисел, во Командата на сојузничките сили за операции во Шејп – Монс и Команда на сојузничките сили за трансформации во Норфолк, Вирџинија, а Северна Македонија како полноправна членка учествува во сите процеси и активности на најмоќниот воено политички сојуз на денешнината“, објави денес од Владата.

Слични содржини