Овошјето е полно со минерали, витамини и други нутритивни состојки кои се особено важни во периодот кога треба да работиме на подобрување на сопствениот имунитет.
Но, тоа не значи дека треба да ги јадеме во неограничени количини. Всушност и за овошјето важи правилото како и за секоја друга намирница, да се јаде во разумни количини.
Секое овошје во поголем или помал процент содржи фруктоза, која иако е прост шеќер, може да го зголеми нивото на шеќери во крвта. Овошја со висок удел на фруктоза се банаите, мангото, смоквите и грозјето. Од овие овошја треба да консумирате разумни количини.
Овошје со најмал процент на фруктоза се боровинките, дињата и малините. Ова не значи да престанете да јадете овошје, туку да го комбинирате со други намирници, со цел порамномерно апсорбирање на фруктозата во вашето тело. Затроа е добро да го јадете во комбинација со путер од јатки, јогурт, сирење…