Организацијата „Една може“ од денеска започнува активности поттикнати од вонредната состојба за поддршка на еднородителски семејства во ризик. Преку оваа иницијатива која се одржува под слоганот „Заедно во се!-Емпатија, солидарност, споделување“, организацијата ги повикува сите компании да донираат прехрамбени, хигиенски, дезифициенски и разноврсни добра.
– Иницијативата „ЗАЕДНО ВО СЕ! – СОЛИДАРНОСТ, ЕМПАТИЈА, СПОДЕЛУВАЊЕ“ има свои хаштази на кои ќе ги обедини сите компании кои ќе донираат, ќе им издаде признаници за учество во благороднава мисија и прибраните донирани добра ќе ги насочи кон најранливите семејства, а сите активности може да се следат јавно на нивната ФБ страница: https://www.facebook.com/onecanednamozhe/.
Колку повеќе ќе соберат, толку повеќе трпези ќе наполнат и толку повеќе жени и деца ќе имаат пристап кон дезифициенси, хигиенски средства и ќе можат да се самозаштитат а од Една може! Донаторските пакети ќе им ги доставуваат до праговите на нивните домови, истакнува Дороти Пачкова, експертка по родови прашања и предводничка на „Една може!“
Тие што сакаат да донираат можат да воспостават контакт со претставници на органиацијата на имејлот [email protected] или на мобилниот телефон во работно време: 071/936497, на двата ад хок пункта на Една може! – или во Карпош 1 или во Аеродром.